Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, Садудин Ибраими, денес во Тетово потпишаа заеднички Меморандум за соработка меѓу Министерство за здравство и Универзитет на Југоисточна Европа.
Со овој Меморандум се воспоставува и унапредува институционалната соработка со цел поддршка на процесот на дигитална трансформација и модернизација на здравствениот систем во државата.
-Соработката предвидува размена на знаења и искуства, реализација на научно-истражувачки и апликативни проекти, едукација и стручно усовршување на кадри, како и заеднички активности во областа на примената на информатичките науки и современите технологии во здравството. Со ова партнерство ја потврдуваме заедничката заложба за унапредување на квалитетот, ефикасноста и ефективноста на здравствените услуги, преку интегрирање на академското знаење и институционалните капацитети во интерес на граѓаните, истакна при потпишувањето министерот Алиу.
Текстот Во Тетово потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство и Универзитетот на Југоисточна Европа е превземен од МАКФАКС.























