Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека САД ја нападнале иранската фрегата „Дена“.
Тој рече дека фрегатата „Дена“ имала околу 130 морнари и била гостин на индиската морнарица во меѓународни води без претходно предупредување, објави Ројтерс.
Аракчи предупреди дека САД „горчливо ќе зажалат за преседанот што го поставиле“.
Во напад од американска подморница бил погоден ирански брод покрај јужниот брег на Шри Ланка, на илјадници километри од Заливот.
Фото: ЕПА
Текстот Аракчи: САД горко ќе зажалат е превземен од МАКФАКС.























