Белата куќа денес, како што пренесуваат светските медиуми, соопшти дека Шпанија се согласила на воена соработка со САД во услови на ескалација на конфликтот со Иран, но шпанската влада, според написите, веднаш го негираше тврдењето.

Соопштението на Вашингтон дојде еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Мадрид со целосен прекин на трговските односи, објави шпанскиот RTVE.

„Шпанија се согласи да соработува со американската војска во последните неколку часа“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за новинарите, потсетуваат медиумите.

„Мислам дека вчера многу јасно ја слушнаа пораката на претседателот“, рече таа, додавајќи дека „американската војска се координира со своите колеги во Шпанија“.

Најновите тензии дојдоа откако Шпанија претходно одби да им дозволи на САД да ги користат своите воени бази за да започнат операции против Иран. Поради оваа одлука, претседателот Трамп вчера објави дека ќе „ја прекине целата трговија со Шпанија“.

Сепак, шпанската влада ги негира тврдењата на Белата куќа за постигнат договор за соработка со американската војска.

Текстот Шпанија ги отфрли тврдењата на Белата куќа за воена соработка со САД е превземен од МАКФАКС.