Два нови случаи на семејно насилство се пријавени вчера во Скопје.

На 04.03.2026 во 10:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.К.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 03.03.2026 околу 23:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.03.2026 во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со И.Б.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.03.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско физички ја нападнал неговата 40-годишна поранешна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

фото/ Depositphotos

Текстот Два нови случаи на семејно насилство во Скопје е превземен од МАКФАКС.