СОСТОЈКИ:
– 55 г сино сирење
– 1 јајце
– сок од пола лимон
– прстофат сол
– 65 мл свежо млеко
– 20 г брашно
– путер
ПОДГОТОВКА
Одвојте ги белката и жолчката. Во сад ставете ја белката и додајте го сокот од лимон како и прстофат сол, па матете додека добиете цврст снег. Измешајте го брашното со млекото да добиете смеса брз грутки. Во него додајте го синото сирење и ставете го во сад на пареа да се готври 3 минути на 90 степени, со непрекинато мешање. Тргнете го садот на страна и мешајте уште 2 минути, за да се излади смесата. Рерната загрејте ја на 160 степени. Во смесата со сирење додајте ја жолчката. Матете да добиете совршено хомогена смеса и во неа додајте ги матените белки. Мешајте да добиете хомогена смеса, но полека, за да не претерате со матење. Садовите за суфле премачкајте ги со путер и посипете со брашно. Во нив распоредете ја смесата и ставете ги во тепсија со вода до половина на садовите со смса. Печете 12-15 минути, па зголемете ја температурата на 200 степени. Кога ќе бидат готови, оставете ги една минута во исклучена рерна, а потоа подотворете ја вратата кратко почекајте па извадете ги. Послужете ги во садовите или превртени на чинија. Оваа смеса е за две лица.