Најмалку шест лица загинале во удар на ирански балистички проектил врз израелскиот град Беит Шемеш, во близина на Ерусалим.

Според израелската Итна помош, повредени се 23 лица, од кои две се во тешка состојба, две со сериозни повреди, а 18 со полесни повреди.

Израелската војска соопшти дека на местото на нападот испратила спасувачки и медицински тимови, како и хеликоптер за евакуација на повредените.

Беит Шемеш се наоѓа во централниот дел на Израел, западно од Ерусалим, и има околу 150.000 жители.

Фото: Depositphotos

Текстот (Видео) Напад врз израелски град близу Ерусалим, има повредени е превземен од МАКФАКС.