Холивудската актерка Памела Андерсон даде интервју за една британска емесија, заедно со нејзиниот сопруг, од кревет.

Актерката неодамна ги изненади нејзините бројни обожаватели објавувајќи дека повторно се омажила. Само една година откако стави крај на бракот кој траеше само 12 дена, Памела повторно му го кажа судбоносно „да“ на својот телохранител Ден Хејхурст.

Profimedia
Profimedia

На изненадување на британската јавност, Андерсон и нејзиниот сопруг се вклучија во живо во дневната емисија „Loose Women“, од својот кревет.

Еве ги, во кревет!“ извика збунетата водителка Надија Савала кога брачниот пар се вклучи во живо во емисијата.

Памела, да те цитирам, еднаш рече: „Местото каде што треба да бидам се прегратките на човекот што го сакам“, не мислевме дека буквално ќе те видиме во прегратките на човекот што го сакаш“, се пошегува водителката.

Додека беше под прекривката со нејзиниот сопруг, 53-годишната Памела се кикотеше и се шегуваше: „О, па не сме станале од кревет од Божиќ“, кога тајно се венчаа во задниот двор на нејзината куќа во Ванкувер, Канада.

ФОТО | Памела Андерсон се омажи за својот телохранител, во тајност: Шести брак за познатата русокоса од „Чувари на плажата“