Еден демонстрант е убиен, а неколкумина се тешко повредени во денешната полициска интервенција во Мјанмар. Судитите меѓу припадниците на безбедносните сили и пристанишните работници траеле неколку часа.

Лекар од Јангон изјави за локални медиуми дека неколку лица од протестот се пожалиле на проблеми со дишењето предизвикани од солзавецот и дека едно лице е повредено за време на полициската интервенција.

Протестите поради државниот удар во Мјанмар не стивнуваат, демонстрантите излегоа на улиците денеска во многу градови. Меѓи нив се и етнички малцинства, писатели, поети и работници, сите обединети во барањето да се стави крај на владеењето на воената хунта и ослободување на премиерот Аунг Сан Су Чи и други политички затвореници. (МИА)