Овен
Не форсирајте ништо. На љубовно поле ќе научите да не се навредувате толку лесно. Потребно е да зајакнете одвнатре. Не мора да ја разберете туѓата бесчувствителност за да научите дека тоа не треба да ве засега. Ќе откриете што ви создава блокади на љубовно поле. На работното место ќе мора да бирате помеѓу спротивни интереси.

Бик
Денешниот ден ви минува мирно без големи промени, проблеми и тензии. Избегнувате разговор со личноста со која сте долго во тајна врска затоа што не сте подготвени за нешто посериозно. Наклонети сте на флертување и тајни врски денеска. Не е на одмет мала претпазливост. Опуштете се со позитивни луѓе.

Близнаци
Забава со пријатели денес е извесна, а поради тоа саканата личност би можела да ви приговори. Повикајте ја и неа. Малку ќе се фалите со вашите заслуги. Нешто од тоа е реално, а нешто не е. Пофалете ги и другите. Време е да се продолжи со спорт или да се прекинат некои лоши навики. Свежиот воздух треба да биде дел од вашиот одмор.

Рак
Денес ви претстои добар финансиски ден во кој соработката со една личност може да ви биде од корист. На љубовното поле ќе бидете исполнети со страст, прифатете го тоа затоа што е сосема нормално и не мислете што ќе кажат другите луѓе. Избегнувајте контакти што ви предизвикуваат вознемиреност и чувство на ниска самодоверба.

Лав
Размислувате околу тоа како да ги решите проблемите кои ги имате во односот со саканата личност. Потрудете се да се контролирате себеси и својата суета. Често може да бидете наклонети кон претерувања. Оние што се сингл, ви се допаѓа личност која покажува дека не е сигурна дали воопшто сака нешто повеќе од флерт.

Девица
Може да очекувате многу позитивна атмосфера на работа. Ќе потпишете договор на долги патеки, од кој ќе имате финансиски прилив. Вашата состојба на работа е сè постабилна. Денес е многу поволен ден за вас. Поволен период и за слабеење. Во сегашната ситуација, лесно е да најдете заеднички јазик со вашата сакана личност.

Вага
Можно е да сте доста загрижени за вашата врска. Односот со партнерот се влошува од ден на ден. Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро, но можете и подобро. Оние што го рашириле кругот на деловни контакти и врски, ќе искористат нешто од тоа. Ве мачи недостиг од самодоверба.

Скорпија
Календарот на вашите љубовни настани е сè побогат, па тешко наоѓате слободни термини за сите оние кои сакаат да ви се приближат. Некои ќе планираат големи проекти и ќе градат кули во воздух. Другите ќе работат толку колку да ги завршат задачите. Немојте да се колебате ако е во прашање нешто само за вашето задоволство.

Стрелец
Ќе уживате во долгите разговори со саканата личност и таа ќе ве фасцинира. Ќе мора да донесете многу важни одлуки, како за себе, така и за другите. Резултатите нема да бидат веднаш видливи, и ќе треба малку да почекате. Пријателите и семејството ќе бидат околу вас. Но, ќе мора и вие да најдете време за нив.

Јарец
Може да очекувате помали компликации кога станува збор за работата. Ако бидете трпеливи, ќе решите сѐ. Ако не сте во врска, личноста која ви се допаѓа ќе покаже дека на некој начин е дистанцирана од вас. За оние што се во врска, пред вас е шанса на саканата личност да ѝ покажете како се чувствувате покрај неа.

Водолија
Конечно ден кога ќе може малку да одморите. Нема премногу да се грижите за работата, затоа што многу обврски сте завршиле. Сте решиле да ја завршите тајната врска која ја имате затоа што сте сфатиле дека нема ништо од таа врска. Сакате да запознаете нови лица и да го предизвикате спротивниот пол со својата појава.

Риби
Ќе бидете расположени и ќе сакате да разговарате со блиските. Не се затворајте дома, излезете надвор, дишете воздух. Ако работите, нема да имате многу време, па ќе мора да се организирате добро. Завршете ги обврските пред навреме. На љубовно поле мора да покажете поголема толеранција кон партнерот. Потребна ви е хармонија.