Викендов во Лос Анџелес се одржа најголемиот кошаркарски настан во годината, натпреварот на најдобрите кошаркари од NBA лигата, познат како NBA All Star Weekend.

А на All Star натпреварот, еден од најдобрите NBA кошаркари во моментов, Џејлен Браун од Boston Celtics, носеше патики дизајнирани од нашиот Сатја Грабулоски и неговото SWithADot студио.

Патиките се изработени по директна комуникација на Грабулоски со Браун, кој самиот ги даде насоките за уникатните патики што ги носеше.

Браун ги носеше овие патики и за официјалното фотографирање на играчите пред нивниот настап на All Star викендот.

За патиките кои ги изработи за кошаркарот и комуникацијата со него, Грабулоски вели:

„Да соработуваш со еден од најдобрите кошаркари во моментот во светот е уживање – посебно кога се работи и за одличен човек и интелект. Сигурно многу луѓе не знаат, но Џејлен, меѓу другото е и предавач на Универзитетот MIT, па неговата љубов кон бројките и космосот се пресликани во еден пар патики кој ноќеска ги носеше на NBA All Star Weekend. Разговараме и на тема Македонија, па при некоја следна посета на Европа, се надевам ќе го прошетаме низ Скопје“.

Ова не е прва соработка на Грабулоски со луѓе кои се меѓу најзначајните во NBA. Во деловната биографија на SwithADot се запишани и имињата на Шекил О’Нил, Леброн Џејмс, Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо, Двејн Вејд, Ален Ајверсон, Кармело Ентони, Богдан Богдановиќ и многу други.

Текстот (Фото) Македонски шмек на синоќешниот All Star натпревар – Најдобриот NBA играч во моментов, носеше патики од Сатја Грабулоски е превземен од МАКФАКС.