Азир Алиу, министер за здравство


Постојат моменти во текот на неделата кога, меѓу состаноци
те, одлуките и полната агенда, човек застанува и си поставува едноставно прашање: што е тоа што прави еден систем да функционира?

Одговорот на прашањето не лежи во стратегии ставени на хартија или изговорени големи зборови. Тој лежи притаено во секојдневните работи кои граѓаните непосредно ги чувствуваат, или поточно, работите кои им го отежнуваат нивниот прв контакт со институциите.

Државата не се искусува во салите или канцелариите во кои се говори за политика. Првиот впечаток за неа се стекнува на самиот праг пред институцијата, а кој е производ на времето што се заштедува или губи. Реалност исполнета со чувството дали системот е организиран  или е оставен на случајот.

Низ оваа призма на просторна увертира во пристапот кон институциите, паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е првиот тријажен пункт на здравството, место каде што нервозата и неизвесноста се удвојуваат уште пред прегледот, а просторот е дифузно пополнет како времето да нема значење на здравјето.

Со години, овој паркинг простор беше груба реалност што сите ја познававме и прифаќавме. Сообраќаен хаос кој постепено навлезе и се нормализираше во секојдневието. Пациенти кои бараат паркинг место во моменти кога не им е до барање. Семејства што кружат со автомобилот, исполнети со мисли и стравови за своите најблиски, губат време што им е најскапо. Медицински персонал што секојдневно влегува во истата битка за елементарнапросторна логистика до своите работни места. Амбулантни возила кои мораат да поминуваат низ човечка и метална гужва, како низ тесно грло во систем што би требало да има означени коридори за брзо движење.

Проблемот, на својата површина изгледа како чисто инфраструктурен проблем, но во суштина, станува збор за отсуство на административен и процедурален ред.

Во инженерството постои едно правило, според кое кога нешто постојано „заглавува“, причината за тоа ретко се пронаоѓа во последниот чекор кој треба да се направи. Најчесто проблемот е во темелот што никој не го гледа. Слично е и со институциите. Кога една локација со години не може да добие трајно решение, причината речиси секогаш не е во тоа што „нема идеја“, туку во тоа што системот има нерасчистени предуслови. Нерешени имотно-правни односи, нерегистрирани парцели, незавршени катастарски постапки, процедури што се префрлаат како жежок компир од една институција на друга, од една влада на друга, од тековната година на следната.

А кога административната основа е неуредена, тогаш ниту едно решение не може да биде трајно. Сѐ друго е само импровизација од привремени огради, рампи, договори, нервози. Привремено, кое трае предолго.

Затоа промената, односно решението на проблемот со овој паркинг простор не започна со инфраструктурна градба, туку со административна потрга и уредување на документи.

Со месеци работа на елаборати, катастарски усогласувања, институционална координација и затворање на отворени прашања, односно го расчистувавмебирократскиот простор кој што со години беше исполнет со административна магла. Дури откако се воспостави ред во документите, стана возможно да почне да се работи за воспоставување на ред во просторот. Дури тогаш успеа да се отвори патот за достоинствено решение за паркирањето во клиничкиот кампус „Мајка Тереза“.

На прв поглед, ова можеби не изгледа како некоја „голема реформа“. Но токму овде започнува вистинската трансформација на институциите. Во моментот кога проблемите се решаваат во нивната административна основа, се случува нешто што ретко се гледа однадвор, но секогаш се чувствува системот престанува да биде реактивен и почнува да станува предвидлив. Од тој миг, редот веќе не е добра желба на некој носител на функција, туку техничка можност. И овде се отвора природниот премин кон она што е најважно – кон искуството на граѓанинот, кој не го интересира како се викала постапката, туку дали конечно ќе влезе во Клиничкиот центар без дополнителен стрес, како да влегува во уште една животна битка пред прегледот.

Граѓаните не бараат совршенство, тие бараат функционалност или сигурност дека системот мисли на нив и кога не го набљудуваат. Бараат систем што го препознава човекот и во деталите што најчесто остануваат незабележани во пристапот до паркинг место, во ориентацијата, јасните коридори, времето што не им се краде кога веќе имаат доволно грижи. Во таков контекст, паркингот не е споредна тема, туку дел од здравственото искуство дали пациентот ќе стигне навреме, дали итната помош ќе помине без да се пробива низ „тесно грло“, дали просторот ќе работи како продолжение на здравствената грижа или како нејзина спротивност.

Постои поширока порака која сакам да остане по оваа тема поврзана со паркингот, а тоа е дека модернизацијата не е само технологија или големи проекти што убаво изгледаат на презентација. Таа е промена на културата, одлука повеќе да не ја прифаќаме реченицата „така било отсекогаш“ како оправдување за застој. Паркингот кај Клиничкиот центар беше токму таква „нормализирана“ административна неправилностинтерфејсот меѓу граѓанинот и здравствениот систем, оној прв тест што се случува сто-двесте метри пред прегледот и терапијата,. И кога тој интерфејс е хаотичен, целото здравство изгледа како да доцни, дури и кога во ординациите на клиникитесе работи со максимална посветеност. Затоа ова не е текст само за просторот, туку за принципот да не го „менаџираме“ хаосот, туку да го замениме со ред.