Граѓаните да избираат градоначалник во еден круг на локалните избори. Не само на овие, туку и во иднина, а причината е тоа што ќе има помали трошоци. Потпретседателот  на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски вели дека ова е едно од нивните барања во преговорите помеѓу работните групи за измени на Изборниот законик. Како што вели, на маса се уште и една изборна единица и отворени листи.

-Како едно основните работи кои се на маса се една изборна едница, отворени листи, но нашиот предлог е на овие локални избори оваа година да има еден круг, но и во иднина. Ние го бараме тој еден круг поради помали трошоци, но и поради тоа што граѓаните ќе можат со едно излегување на гласање да изберат градоначалник, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисалјовски.