Познатата холивудска актерка, Џејн Фонда (88), се појави на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Санта Барбара и повторно ги доби сите комплименти за својот неверојатен изглед во деветтата деценија.
Таа знаеше што да избере за оваа пригода. Црни широки панталони во комбинација со долга туника украсена со златни пруги беа совршени за нејзиниот изглед.
Својата смела комбинација ја надополни со златни нараквици и обетки, додека косата ја стилизираше на свој препознатлив начин и повторно ги остави сите без здив со својата младешка убавина.
Џејн Фонда со години воодушевува со својот изглед и фит тело, но не го крие фактот дека напорната работа е заслужна за ова. Дури и во деветтата деценија, таа вежба секој ден, поминува многу време во природа и е голем љубител на фитнесот.
Актерката не го крие фактот дека, како што минуваат годините, некои работи ги прави побавно, па затоа трчањето го заменила со одење, а секогаш е поласкана кога ќе види дека инспирирала некого да почне да живее поздрав живот.
Текстот (Видео) Секој би сакал да остари како Џејн Фонда: „Избриша“ 30 години и воодушеви на црвениот тепих е превземен од МАКФАКС.























