Познатата манекенка, Кендал Џенер, беше една од познатите убавици кои присуствуваа на полувремето на Супербоул шоуто за време на кое настапи Бед Бани, познат и како нејзино поранешно момче.

Заедно со Кендал беше и нејзината сестра Ким Кардашијан, но таа беше придружувана од нејзиното потенцијално момче, Луис Хамилтон.

Од самиот почеток, сите очи беа вперени во Кендал и нејзиното однесување, со оглед на тоа што Бед Бани претходно ја „обвини“ дека не ја разбира неговата музика. Убавата манекенка и пејачот беа во врска од февруари до октомври 2023 година.

Кендал уживаше во играта во текот на целото време, но и во настапот што Бед Бани го даде на полувремето, особено кога ѕвезди како Рики Мартин и Лејди Гага му се придружија на сцената.

Можеби папараците очекуваа повеќе од оваа „средба“ на поранешни партнери, но двајцата се потрудија да не дадат доволно материјал за какви било шпекулации. Иако на социјалните мрежи беше опишана како „несреќна и незаинтересирана“ за време на настапот.

Што се однесува до љубовниот живот на Кендал Џенер, се чини дека таа ја пронашла вистинската личност за себе. Таа е видена неколку пати со шведскиот претприемач Бен Горхам, кој е 18 години постар од неа, но таа остана верна на себе и никогаш јавно не проговори за тоа.

Текстот (Видео) „Изгледаше несреќно“: Најбараната манекенка во светот лице в лице со своето поранешно момче е превземен од МАКФАКС.