Бритни Спирс изјави дека е „среќна што е жива“ додека односите со нејзиното семејство продолжуваат да биде затегнати. Пејачката (44) напиша објава на Инстаграм за нејзиното семејство и за тоа колку се чувствува осамено, пишува People.
„Како луѓе, сè што навистина сакаме е да се чувствуваме блиски и никогаш да не се чувствуваме сами“, ја започна таа објавата. „До оние во вашето семејство кои тврдат дека ви помагаат со тоа што ве изолираат и ве тераат да се чувствувате целосно отфрлени… тие грешат. Како луѓе, можеме да простиме, но никогаш не забораваме“, продолжи таа. „Таа потреба за контакт е секогаш клучна!!!“
Спирс додаде дека верува дека е неверојатно среќна што е жива, со оглед на тоа како нејзиното семејство се однесувало кон неа тогаш – а сега се плаши од нив. Пејачката потоа напиша: „Бог работи на чудни, мистериозни начини“.
„Пријатели, што мислите дека ми кажува денес???“, праша таа, додавајќи: „Затоа што, да бидам сосема искрена, без разлика што ќе каже, тие никогаш нема да преземат одговорност за она што го направиле“.
Објавата доаѓа по години во кои Спирс отворено зборуваше за нејзините раздорни чувства кон членовите на семејството, вклучувајќи го таткото Џејми (73), мајката Лин (70) и сестрата Џејми Лин (34). За време на празниците кон крајот на минатата година, таа објави фотографија од елка на Инстаграм со порака што звучеше како саркастичен поглед на семејните односи.
„Доцнежен Среќен Божиќ на моето прекрасно семејство кое никогаш не ме омаловажувало, не ме повредило, не направило ништо сосема неприфатливо или не ми предизвикало траума што не може да се поправи…“ напиша таа на 28 декември.
„До моето драго, слатко, невино семејство… Многу ми е жал што бев толку зафатена овој Божиќ, но дефинитивно ќе се вратам наскоро за да ве изненадам… Едвај чекам“, додаде таа. Таа ја заврши пораката обраќајќи се кон седумгодишната ќерка на Џејми Лин, Ајви: „Само сакам да те прегрнам, љубов моја…“
фото/епа
Текстот Бритни Спирс за конфликтот со семејството: „Среќна сум што сум жива“ е превземен од МАКФАКС.























