Планетата Земја имала најтивок период во текот на 2020 година во споредба со претходните децении, бидејќи пандемијата на коронавирусот значително ја намали човечката активност и нејзиното влијание врз кората на планетата, според научниците кои работат на едно глобално истражување.

Меѓународна група на сеизмолози од 33 земји измери пад до 50 проценти во таканаречената амбиентална бучава генерирана од луѓе која ја правеле додека патувале и секако од работата на фабриките кои запреа со работа по стапувањето на сила на блокадата низ целиот свет, пренесува Ројтерс.

Unsplash
Unsplash

Тимот, во кој биле вклучени експерти од швајцарската сеизмолошка служба на Универзитетот ЕТХ во Цирих, измери пониски нивоа на бучава во 185 од 268 анализирани сеизмолошки станици ширум светот.

Градскиот амбиентален шум паднала до 50 проценти при мерење на станиците во најжешките недели на „заклучувањето“, кога било намалено и користењето на транспортот со автобуси и возови, авионите беа приземјени, а фабриките не работеа.

Unsplash
Unsplash

Затоа, ова период бил многу потивок од оној за време на Божиќ, што е, патем, традиционално најтивкото време во годината.