Американските разузнавачки аналитичари проценуваат дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг покажал знаци на изразена параноја во последните години, што, според нивното толкување, е основа на нов бран чистки на врвот на Народноослободителната армија на Кина, објави „Њујорк тајмс“.

Според извештаите, под истрага биле и високи функционери на воениот апарат, вклучувајќи го и заменик-шефот на Централната воена комисија Џанг Јуксиу, кој се смета за близок соработник на Џјинпинг, како и началникот на Заедничкиот штаб на Комисијата Лиу Женли. Американските аналитичари сметаат дека токму стравот од внатрешни закани и можна нелојалност во военото раководство го поттикнува кинескиот лидер да прави драстични кадровски потези.

Според проценката на весникот, ваквите настани предизвикале вознемиреност кај функционерите и безбедносните кругови во Вашингтон, бидејќи се очекува од американското раководство јасно да ги разбере мотивите зад одлуките на Пекинг. Причината за ова е фактот што потезите на кинеската држава и воените лидери имаат далекусежни последици за глобалната безбедност, но и за светската економија.

Истрагите против Жанг Јусија и Лиу Женли беа официјално објавени на крајот на јануари. Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека двајцата високо рангирани офицери се осомничени за „сериозни прекршувања на дисциплината и законот“. Во исто време, „Волстрит журнал“ објави тврдења дека Жанг Јусија е исто така под истрага поради сомнение за доставување доверливи информации до САД за кинеската програма за нуклеарно оружје.

Текстот „Њујорк тајмс“: Чистките во Кина го потресоа Западот е превземен од МАКФАКС.