Премиерот Зоран Заев тври дека соседна Грција нема против во личните карти на македонските граѓни да стои етничката припадност зата што таквото решение е во согласност со Преспанскиот договор.

„Апсолутно нема никакви пречки ниту заддршка од страна на пријателскаГрција. И секако, аргументациите остануваат на сила заради тоа што сме дале збор, е оддржаа состаноци со работни групи, со МВР, проектираа рокови на имплементација, како треба да се имплементира, како се менуваат формуларите, кој е процесот и периодот, така што деталите можат и од МВР да ги споделат„, вели Заев.

Тој смета деа е логички е претседателот Стево Пендаровски да има различен став за личните карти затоа што луѓе кои веруваат во исти вредности некогаш имаат различни ставови.

Според него, со воведвање на етничката припадност во личните карти не губи никој, ни Македонците, ниту Албанците.