Актерот Пол Дејно јавно реагираше на остри критики од режисерот Квентин Тарантино, кој го нарече „лош, слаб и неинтересен актер“ за време на гостување во подкаст во декември.
Дејно им се заблагодари на бројните колеги кои застанаа во негова одбрана, истакнувајќи дека му значело тоа што не морал самиот да одговара на нападите. Изјавата ја даде на филмскиот фестивал Санденс, по повод 20-годишнината од филмот „Малата мис Америка“.
Неговата поранешна колешка од филмот, актерката Тони Колет, имаше многу поостар одговор, упатувајќи му порака на Тарантино: „Е*и се!“, додавајќи дека неговите изјави биле збунувачки и несоодветни.
Во одбрана на Дејно застанаа и корежисерите на „Little Miss Sunshine“, Џонатан Дејтон и Валери Фарис, оценувајќи дека критиките на Тарантино се срамни и дека актерот ужива огромна почит во филмската индустрија.
Контроверзијата започна кога Тарантино го рангираше филмот There Will Be Blood меѓу најдобрите филмови на 21 век, тврдејќи дека би бил повисоко рангиран доколку улогата на Дејно ја играл друг актер. Тој како подобра опција го спомена Остин Батлер.
По коментарите, во одбрана на Дејно јавно реагираа и режисерот Мет Ривс и актерот Бен Стилер, истакнувајќи дека тој е исклучителен актер и личност.
Текстот Холивуд застана во одбрана на Пол Дејно по коментарот на Тарантино е превземен од МАКФАКС.























