Рим воведе влезница од 2 евра за пристап до прочуената Фонтана ди Треви, која досега беше бесплатна за посетителите, пишува Би-Би-Си.
Оваа наплата има за цел да се контролира бројот на туристи и да се обезбедат дополнителни средства за одржување на споменикот, наведува Би-Би-Си.
Некои туристи ја поздравија мерката, со надеж дека ќе се намалат гужвите и ќе се подобри целокупното искуство.
Текстот Пристапот до Фонтана ди Треви повеќе не е бесплатен е превземен од МАКФАКС.





















