Во однос на предлогот за впишување националност во личните карти, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика Заев, ако навистина тоа го сака, Владата нека достави закон со европско знаменце до Парламентот.
– Ако ние инсистираме во личните карти да стои националната припадност и тоа да биде во патните исправи, ако навистина Заев сака тоа да го направи, зошто тоа не го направи сега и да го достави законот во Собранието со европско знаменце за да можам да се идентификувам себе си како Македонец. Зошто не го направи ако навистина има толкава желба, туку преку оние на кои им обезбедуваше логистика и друг тип помош пред изборите за да краделе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, тие му се на услуга и со 100.000 – 200.000 амандмани прават филибастеринг. Инаку, апсолутно да, има сериозна забелешка од страна на амбасадор од страна на една соседна држава, рече Мицкоски.
Законот е поднесен од Движењето Беса кое е во коалиција со СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против да стои етничка графа во личните карти, но против има Левица, која поднесе 1200 амандмани.