На 17.02.2021 во Дебар, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишиле од слобода А.Р.(33) и Д.Р.(25), двајцата од Дебар. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба и при нивен личен преглед, кај Д.Р. била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.