Министерот за здравство вели дека 70 отсто од здравствените работници изразиле желба да се вакцинираат против Ковид 19. Се пријавиле повеќе од 4000 илјади, но во првата фаза со вакцините од Србија ќе се вакцинираат оние кои што се во директен контакт со заразените со Ковид 19. Потоа кога ќе пристигнат другите дози, ќе се вакцинираат и останатите, како и ризичните групи и постари лица.

Филише во гостувањето во Топ тема на Телма изјави дека сите вакцини се изработени на безбедни платформи и штитат од компликации, односно од смрт и тешка форма на болеста.

-Навистина имавме многу информации и настапи со кои се поткрепуваа антивакциналните тези. Но, голем дел од здравствените работници изразија желба да се вакцинираат. Вакцините се безбедни повторно ќе кажам и изготвени на сигурни платформи. 800.000 дози очекуваме преку Ковакс системот до крајот на март, исто толку очекуваме и од Фајзер со кого сме во последна фаза на договор, а 200.000 знаеме дека се очекуваат од „Синофарм“ на крајот од овој месец, изјави Филипе во гостувањето во Топ тема.