Лидерот на ДУИ Али Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање дали разговарал со својот партнер во Владата, Зоран Заев за реконструкција на владиниот кабинет, кусо одговори не. Но, му требаше повеќе време за одговор и пошироко објаснување во однос на тоа дали размислува да смени одреден функционер на ДУИ во Владата, објави ТВ21. Ова доаѓа по внатрепартиските проблеми, особено откако Изет Меџити отворено застана против Артан Груби најавувајќи интерпелација за првиот вицепремиер.

-Поинаквото мислење да биде функционално, така што немој да мислите дека има нешто за што треба да се загрижиме, дури сум од оние кои го охрабруваат различното мислење. На крајот одлучува мнозинството органи и секако дека се ставаат во функција на одлуките кои се носат било со консензус или со мнозинство во рамките на партиските органи, изјави Али Ахмети.

ТВ21 од свои извори дознава дека претседателот на ДУИ побарал Артан Груби да биде на вицепремиерската функција 6 месеци од неговото назначување. Поради тоа и Меџити досега не преземал ниту еден од најавените чекори за интерпелација против Груби. Во случај Груби да продолжи да ја врши функцијата и по овие 6 месеци, тогаш Меџити и официјално се очекува да побара интерпелација за неговиот сопартиец