Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го прекине конфликтот во Украина за да може да го номинира за Нобелова награда за мир. Таа ја даде изјавата на прес-конференција по средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесува АФП.

„Се надевам дека еден ден ќе можеме да му ја доделиме Нобеловата награда за мир на Доналд Трамп. Ако успее да придонесе за постигнување праведен и траен мир во Украина, верувам дека би можеле да го номинираме за Нобелова награда за мир“, рече таа.

Во четвртокот, Трамп го претстави својот „Одбор за мир“, иницијатива првично дизајнирана за следење на прекинот на огнот во Газа и враќањето на територијата.

Во меѓувреме, иницијативата еволуираше во механизам насочен кон решавање на сите видови меѓународни конфликти. Италија е поканета да се приклучи на Одборот, но Мелони рече дека му рекла на Трамп дека Италија се соочува со „уставни проблеми“.

Текстот Мелони: Ако Трамп постигне мир во Украина, треба да биде номиниран за Нобелова награда за мир е превземен од МАКФАКС.