Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари прифаќа коалиција со двете македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но исклучува секаква можност за коалиција со ДУИ.

„Нема теорија да ја раскинеме коалицијата со Алтернатива. Гледаме опции и за други коалиции. Можно е да има коалиција со сите партии, со СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ, само со ДУИ не. Сметам дека нашата коалиција со Алтернатива е силна. За локалните избори ќе ги прегледаме сите опции, но дефинитивно со ДУИ нема коалиција“, порача Таравари во дебатниот магазин „Click Plus“.