Утринава во тешка сообраќајна несреќа почина познатиот музичар од Битола, Горан Јосифовски на 36 години.
Јосифовски излетал од патот со возилото, додека одел на работа, потврдија од СВР Битола. Несреќата се случила утрово околу 5 часот на магистралниот пат Битола – Прилеп. Од здобиените повреди при несреќата, музичарот починал на самото место.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со Јавен обвинителтелото е предадено на обдукција“, информира Секторот за односи со јавност на битолската полиција.
Јавноста го памети Јосифовски како поранешен член на „Екстра бенд“. Тој беше сопруг и татко на две малолетни деца.