Сè повеќе корисници на Инстаграм се приклучуваат на виралниот тренд на објавување на свои фотографии од 2016 година. Целта е луѓето да се сетат на стари фотографии и објави што ги направиле пред 10 години, а кои будат носталгија.

Познатата манекенка Емили Ратајковски, која објави серија атрактивни, а може да се каже и провокативни фотографии, не беше исклучок.

Компилацијата претставува некои споделени моменти со блиски пријатели и луѓе од нејзиниот живот, но вниманието на корисниците го привлекоа, да речеме, и некои поинтересни фотографии.

Зборуваме за голи фотографии кои се исто така дел од оваа објава, а ја покажуваат совршената фигура на позната убавица. Многу корисници на Инстаграм ѝ рекоа на Емили дека „не остарела“ и дека е сè уште убава.

„Буквално изгледаш исто“, „Убава си“, „Знаеш ли да старееш“, се само дел од коментарите.

Текстот (Фото) Годините минуваат, а таа е сè поубава и поубава: „Знаеш ли да старееш“ е превземен од МАКФАКС.