Универзитетскиот професор Владо Поповски, кој воедно е и советник во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека Христијан Мицкоски не може како лидер на партијата да го врати капацитетот кој го имал Никола Груевски.

Сепак, вели дека Иницијативниот одбор за промени нема да успее во намерата да го смени Мицкоски од лидерската позиција.

-Мицкоски да го поврати целиот капацитет кој Груевски го имаше до 2009 година, се сомневам, не верувам дека ќе го поврати. Не мислам дека е толку вешт колку што е Груевски, а конечно немаше ни три чисти да почне самостојно, да не напаѓа, но да започне самостојно, вели Поповски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.