Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна работа и на семејството.
„Денес заокружив едно поглавје од мојата работа на должноста Заменик на министерот во Министерство за образование и наука, со тоа што до Претседателот на Владата на РСМ, г. Христијан Мицкоски ја доставив мојата оставка од функцијата Заменик на министерот во Министерство за образование и наука. За искажаната доверба и подршка за реализација на ова задача им се заблагодарам на Партијата АлтернАтивА, на нејзиниот претседател г. Беким Сали, на претходните претседатели г. Африм Гаши и г. Зеќирија Ибрахими, како и на моето семејство и пријатели“, објави Алиу на „Фејсбук“.
Тој во оставката наведува дека оставката е одраз на негова лична и професионална анализа.
„Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истражувачко – научна работа како и посветеност на семејството“, напиша Алиу во оставката.
Текстот Заменик министерот за образование поднесе оставка е превземен од МАКФАКС.






















