Актерката Лина Еско откри дека таа и Бен Афлек често се смееле и кикотеле за време на снимањето интимни сцени во новиот филм The Rip, наместо да бидат сериозни.

„Само се кикотевме“, изјави Еско на премиерата во Њујорк на 13 јануари. „Бевме како две луди личности што се забавуваа.“

Во филмот, Еско ја игра капетанката Џеки Велез, а сцените во спалната со Афлек ѝ останале во посебно сеќавање.

Таа го опиша Афлек како драг и опуштен, а целиот тим како неверојатно пријатен.

„На сетот немаше напнатост, претенциозност или драма – сè течеше природно“, рече таа.

Голем дел од заслугите му  ги припиша на режисерот Џо Карнахан, кој пуштал музика од саундтракот додека снимале и се грижел сите да се чувствуваат пријатно.

Еско раскажа дека уште при првото читање на сценариото знаела дека сака да биде дел од проектот. По неколку аудиции и „Зум“ разговор со режисерот, ѝ било јасно дека „ова е тоа“.

Откако го видела финалниот филм, рече дека се вљубила во резултатот: „Навистина е одличен. Не го велам тоа секогаш – но овојпат е искрено.“

За што станува збор во филмот?

The Rip е криминалистички трилер на Netflix во кој Бен Афлек и Мет Дејмон глумат полицајци од Мајами, чие пријателство се доведува во прашање кога нивната единица за дрога наидува на огромна сума пари за време на истрага. Во филмот глумат и Тејана Тејлор, Кајл Чендлер и Стивен Јун. Афлек и Дејмон се и продуценти на филмот.

Текстот Лина Еско: Со Бен Афлек само кикотевме додека ги снимавме интимните сцени е превземен од МАКФАКС.