Годишните награди „Златен глобус 2026“ беа обележани и со кич, но и со гламур.

Познатите убавици ги покажаа своите најдобри креации, вклучувајќи разголени, проѕирни фустани кои ја шокираа јавноста.

Сепак, во морето од провокативни изданија и желбата сите да бидат „посебни“, една убавица беше вистинско освежување – актерката Ана де Армас. За оваа пригода, таа одлучи да облече едноставен црн фустан од чипка украсен со длабок шлиц и скромно деколте.

Фустанот во тесна форма го носи потписот на брендот „Луј Витон“, а совршено ѝ стои – ја нагласува нејзината витка фигура и остава впечаток на вистинска холивудска дива.

Својот стил го надополни со шминка во земјени тонови и ненаметливи додатоци.

Што се однесува до фризурата, таа избра стар холивудски гламур, односно ги стилизираше своите кафеави прамени коса во кадрици кои нежно паѓаа по нејзиното рамо.

Текстот (Фото/Видео) Не ѝ треба проѕирен фустан, а ниту Том Круз: Таа е природно секси е превземен од МАКФАКС.