Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода 56-годишниот М.Г. од Република Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.
При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола. При извршен преглед пак, во полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки електронски цигари.
По целосно документирање на случајот, против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.378 – „фалсификување исправа“ и по чл.278 – „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик.
фото: МВР
Текстот (Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин е превземен од МАКФАКС.






















