Холандскиот суд денеска ѝ наложи на владата веднаш да го укине ноќниот полициски час воведен со цел да се ограничи ширењето на вирусот корона во земјата, проценувајќи дека не постои соодветна правна основа за тоа.
Полицискиот час, прв во Холандија по Втората светска војна, доведе до неколкудневни протести откако беше воведен на 23 јануари, пренесува Ројтерс.
– Advertisement –
„Полицискиот час е заснован на законот за вонредни ситуации, кога нема време за расправа во парламентот“, изјави судот и оцени дека нема толку итна потреба во овој случај.
Судот утврдил дека владата не објаснила зошто е многу потребен полициски час во оваа фаза од пандемијата, бидејќи стапката на инфекции во Холандија беше во опаѓање уште пред да стапи во сила полицискиот час.
Портпарол на Министерството за правда изјавил дека владата сè уште ја проучува одлуката на Хашкиот трибунал.