Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро ја критикуваше надворешната политика на САД под претседателот Доналд Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се претвори во „дувло на разбојници“ каде што бескрупулозните земаат што сакаат.
Во невообичаено остра изјава, очигледно осврнувајќи се на дејствија како што е соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, германскиот претседател рече дека глобалната демократија никогаш не била позагрозена.
Нарекувајќи ја анексијата на Крим од страна на Русија и инвазијата на Украина пресвртница, Штајнмаер рече дека однесувањето на САД претставува уште еден историски „распад“ во глобалниот поредок.
„Потоа, тука е колапсот на вредностите на нашиот најважен партнер, САД, кои помогнаа во изградбата на овој светски поредок“, рече Штајнмаер во говорот на симпозиум што се одржа синоќа.ж
„Треба да спречиме светот да се претвори во дувло на разбојници, каде што најнескрупулозните земаат што сакаат, каде што регионите или цели земји се третираат како сопственост на неколку големи сили“, рече тој.
фото/ЕПА
Текстот Германскиот претседател жестоко го нападна Трамп: „Тој го претвора светот во дувло на разбојници“ е превземен од МАКФАКС.























