Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адана Гебрејесус денеска испрати апел до земјите низ светот да не се откажуваат од борбата против коронавирусот и да продолжат со одлучните антипандемиски напори и покрај намалените бројки на новоинфицирани, што во континуитет траат пет недели.

Тедрос потврди дека од почетокот на годината, неделните пресеци за нови случаи на Ковид-19 покажуваат пад од речиси 50 проценти и потсети дека од 4 јануари, неделата во која имаше повеќе од пет милиони нови случаи на заразени, на почетокот на минатата недела, на 8 февруари, неделниот број на инфекции се намали на 2,6 милиона, пренесе Тасс.

-Тоа ни потврдува дека примената на јавните анти-епидемиски мерки дава резултати дури и кога се соочуваме со повеќе варијанти на коронавирусот. Сега е важно како да одговориме на овој тренд. Пожарот не е изгаснат, но успеавме да го намалиме. Доколку престанеме да се бориме на кој било фронт, вирусот повторно ќе ни се истури врз нас, рече генералниот директор на СЗО.