Во голема полициска акција во Истанбул, во рамки на истрага за дрога, уапсени се осум лица, меѓу кои и турската актерка Садет Езги Ејубоглу (37), соопштија надлежните институции.
Ејубоглу е позната по улогата на Ајбиге Хатун во втората сезона од серијата „Сулејман Величествениот“.
Садет Езги Ејубоглу во улогата на Абиге / Сулејман Величествениот
Според Истанбулското јавно обвинителство, налогот за нејзино приведување е издаден поради сомнежи за купување, поседување и користење наркотични и стимулативни супстанции за лична употреба.
Во истата истрага, уште две лица се уапсени под сомнение за производство и трговија со дрога, четворица поради сомнежи за поттикнување и овозможување проституција, а едно лице поради нелегално поседување оружје.
За време на претресите, полицијата запленила оружје, муниција, наркотични супстанции, опрема за консумирање дрога и фалсификувани американски долари.
Надлежните наведуваат дека истрагата се проширува и дека не се исклучени нови апсења.
Фото насловна: официјален промотивен материјал
Текстот Уапсена актерка од серијата „Сулејман Величествениот“ во голема полициска акција во Истанбул е превземен од МАКФАКС.























