Кристијано Роналдо изјави дека никогаш нема да го открие идентитетот на сурогат мајката која го роди Кристијано Џуниор, неговиот прв син.

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо беше гостин во емисијата „The Jonathan Ross“, каде што зборуваше за својата фудбалска кариера, но и за некои детали од неговиот приватен живот.

Во таа пригода, тој нагласи дека нема да го открие идентитетот на сурогат мајката која го роди неговиот прв син.

„Никогаш не сум го открил идентитетот на мајката на мојот син Кристијано Џуниор и никогаш нема да го откријам. Знам дека мајка ми игра голема улога во мојот живот, но Кристијано не мора да има таков однос со својата мајка“, рече Роналдо.

„Има деца во светот кои растат без мајка или без татко. Има такви чии родители починале и кои страдаат од злоупотреба. Кристијано Јуниор, од друга страна, нема само татко: има баба, има семејна поддршка… И тоа е доволно“.

Сепак, некои работи не се за јавноста, вели Роналдо.

„Постојат работи што мора да останат приватни, а идентитетот на мајката на мојот син е една од нив. Познавањето на нејзиниот идентитет не би променило ништо во животот на другите луѓе“, рече познатиот фудбалер, додавајќи дека самиот не знае зошто донел одлука своето прво дете да го роди сурогат мајка.

„Не знам зошто го направив тоа. Не му должам на светот објаснување за мојот приватен живот. Му ја должам вистината на мојот син, бидејќи тој е мој син и ќе разговарам со него кога ќе почувствувам дека е вистинско време. Сигурен сум дека ќе разбере кога ќе му ја кажам вистината за неговата мајка“, заклучи тој.

фото/депозитфотос

Текстот Роналдо: Никогаш нема да го откријам идентитетот на мајката на мојот прв син е превземен од МАКФАКС.