Лили Ален откри дека се бори со зависност од компулсивно купување, поради што побарала стручна помош. За проблемот зборувала во подкастот Miss Me?, кој го води со пријателката од детството Миквита Оливер.
Пејачката изјави дека редовно оди на терапија и смета дека коренот на зависноста е поврзан со ниското самопочитување.
„Мислам дека се обидувам да се ослободам од парите затоа што мислам дека не ги заслужувам“, искрено признала.
Ален користи терапија наречена EMDR, за која вели дека ѝ го променила животот, но нагласува дека не е лекар и дека зборува само од лично искуство.
Според Кливленд клиник, EMDR терапијата помага мозокот повторно да ги обработи вознемирувачките искуства и да го продолжи природниот процес на заздравување.
depositphotos
Текстот Не е алкохол, ниту дрога: Пејачката Лили Ален призна зависност што малкумина ја очекуваа е превземен од МАКФАКС.























