Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје, се јави преку социјалните мрежи. Тој вели дека е жално за Скопје што во текот на вечерта снегот не беше исчистен. Како што пишува тој, да немаше градоначалник, службите сами ќе го исчистеа снегот.

-Му оставив професионална и обучена екипа. Снегот се најавуваше пред пет дена и почна да паѓа денеска уште во предпладневните часови,така да вечерва не може да кажат дека биле изненадени. Скопје е во хаос поради тотална незаинтересираност и неспособност на Петре, напиша Коце Трајановски.

Жално за Скопје,да немаше градоначалник службите сами ќе го исчистеа снегот.
Му оставив професионална и обучена…

Posted by Коце Трајановски on Saturday, 13 February 2021