Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со сопругата на премиерот Рози Мицкоска и пратеничката Жаклина Пешевска, денеска остварија предновогодишна посета на Клубот за деца со церебрална парализа во населбата Расадник.

Во празнична и топла атмосфера, тие се дружеа со децата, учествуваа во новогодишната забава, заеднички ја китеа елката и пееја, а на децата им беа поделени и новогодишни пакетчиња. Притоа беше истакната важноста од континуирана поддршка за децата со церебрална парализа и нивните семејства.

„Имав чест и голема радост да бидам дел од една навистина посебна празнична атмосфера. Искрената радост и насмевките на децата се најголема потврда дека ваквите средби значат многу и се неопходни“, изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Таа нагласи дека грижата за овие деца мора да биде постојана и суштинска, додавајќи дека заедницата е силна онолку колку што обезбедува еднакви можности за сите, особено за оние на кои поддршката им е најпотребна.

„Ќе продолжиме со несебична поддршка. Овие деца и нивните семејства секогаш ќе имаат партнер во нас“, порача Стаменкоска Трајкоска.

Текстот Градоначалничката Трајкоска заедно со сопругата на Мицкоски и пратеничката Пешевска се дружеа со децата со церебрална парализа во населбата Расадник е превземен од МАКФАКС.