Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој воедно е и пратеник, во гостувањето во емисијата 360“ посочи дека се потребни предвремени парламентарни избори со цел да се стави крај, како што вели, на оваа неспособна власт. Николоски воедно вели дека по тие избори каде што една партија или коалиција ќе добие поголемо и стабилно мнозинство за да може даја реализира својата програма која што е ветена пред граѓаните.

-Да тргнеме од најтехничката причина резултатот на изборите на 15-ти беше таков да е невозможно да се формира една стабилна Влада во оваа композиција на Собрание, кој и да ја формира или формираше таа Влада што оди кон едно нестабилно владеење на било која Влада и неможност да ги реализира сопствените проекти. Тоа е од една страна, а од друга страна СДСМ во изминатиов период од август минатата година кога се конструираше Собранието до денес не покажа добра волја за сериозен политички дијалог со опозицијата. За тоа што односот им е како да имаат преку 80 пратеници, а имаат вкупно со се сите коалициони партнери 62. А, само СДСМ има 28 пратеници“, појасни Николоски.

Николоски посочи дека Заев не може да изненади со пратеник плус, бидејќи тој говореше дека тоа ќе го направи но досега сите гледаат дека не е реализирано. И второ, 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“  се стабилни и Николоски гарантира дека во овој момент тие се на линија на реализација на тоа што го ветиле пред граѓаните. И тука простор има нула за било какво поместување.