Вчера во 10:19 часот во СВР Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да ѝ се стават златни шипки.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна откако ѝ се јавила нејзината ќерка сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Измама со лажен несреќен случај, 70-годишна битолчанка измамена за сума од 20.000 евра е превземен од МАКФАКС.