Тоникот за лице е чекор што не треба да се прескокнува ниту во дневната ниту во вечерната рутина за нега.
Корејската нега на лицето станува сѐ попопуларна во светот бидејќи сѐ поголем број корисници се уверуваат во нејзината ефикасност. Не станува збор за нанесување на еден магичен мултифункционален производ наутро и навечер, туку тоа е концепт кој бара посветен пристап и е познат по големиот број чекори што ги вклучува во дневната и ноќната рутина за нега.
Во корејската нега на кожатa клучни точки се балансот и хидратацијата. Хидратацијата е процес што започнува во моментот на миење на лицето. Многу е важно третманот да го продолжите во првите 3 минути по миењето за да ја задржите влажноста на кожата. По чистењето на лицето следи нанесувањето на тоник. Тоникот за лице е чекор кој не треба да се прескокнува ниту во дневната ниту во вечерната рутина за нега.
Која е главната функција на корејските тоници за лице?
За разлика од тониците на кои сме навикнати, кои се користат со памучен тупфер и служат за чистење на кожата, корејските тоници имаат малку поинаква функција, па затоа наместо под називот тоник, ќе ги сретнете под називот тонер, дури и во преводи на македонски. На англиски ќе ги сретнете како Toner или Skin. Нивна главна функција е хидратација на кожата и балансирање на pH-вредноста, иако некои од нив може да имаат секундарна функција на чистење на кожата.
Балансот на pH-вредноста, односно киселоста на кожата е многу важен за нејзиното здравје. Ако кожата има ниска pH-вредност, може да страда од иритација, црвенило и акни, додека ако pH-вредноста е многу висока, предизвикува сувост и перутање. Тоникот ја враќа кожата во нејзината избалансирана состојба.
Следната главна функција на тоникот е хидратацијата, со што придонесува за подобра апсорпција на производите од наредните чекори, како есенции, масла, серуми, лосиони и креми. Активните состојки од овие производи ќе навлезат подобро во кожата, со што ќе се подобри нивниот резултат. Како илустрација ќе ја замислиме кожата како сунѓер. Благо навлажнет сунѓер апсорбира подобро отколку сосема сув и крут сунѓер.
Како се нанесуваат корејските тоници за лице?
Во поглед на начинот на употреба, за корејските тоници е специфично што најчесто имаат течна гел текстура и се нанесуваат со дланките според традиционалниот метод. Но може да имаат и течна текстура, слична на тониците на кои сме навикнати и тогаш се нанесуваат со памучен тупфер.
Доколку сакате да внесете квалитетен корејски тоник во својата рутина за нега, Olpeo – продавницата специјализирана за корејска козметика, ви ги препорачува Klairs Supple Preparation Facial Toner и Kliars Supple Preparation Unscented Toner.
Тоа се тоници на познатиот корејски бренд Dear, Klairs, кои ќе ви помогнат да ја одржите еластичноста на кожата, да ја балансирате нејзината pH-вредност, да ѝ ја дадете потребната хидратација и да ја подготвите за наредните чекори од рутината за нега.
Брзо се апсорбираат и обезбедуваат целосна хидратација продолжена за повеќе од 20% од вообичаените тоници со помош на хијалуронската киселина и бета-глуканот кои ги содржат.
Направени се со мешавина од состојки, кои, покрај длабинската хидратација, ја смируваат кожата. Тоа се различни растителни екстракти како и пченичните аминокиселини, кои помогаат во намалување на воспалението на кожата.
Klairs Supple Preparation Facial Toner и Kliars Supple Preparation Unscented Toner се неиритирачки тоници, погодни за сите типови кожа, дури и за чувствителната кожа.
За најчувствителните типови на кожа е препорачан Kliars Supple Preparation Unscented Toner, кој е тоник без мирис и не содржи есенцијални масла.
Производите на Dear, Klairs се достапни во Olpeo, првата специјализирана продавница за корејска козметика, ГТЦ – Скопје, на првиот кат, како и на www.olpeo.mk.
(комерцијален текст)