Познатата манекенка и претприемачка, Хејли Бибер, го прослави својот 29-ти роденден опкружена со своите најблиски пријатели, а фотографиите од нејзината интимна прослава ги сподели на Инстаграм.
Луксузна торта на три нивоа беше во фокусот на нејзините објави, но Хејли ја покажа и својата облека што ја одбра за забавата. Таа позираше цела во црно, додека горниот дел од облеката имаше врвки на задната страна. Ја собра косата во пунџа и не ја симна насмевката од лицето, додека нејзиниот сопруг Џастин Бибер ѝ правеше друштво.
Само два дена претходно, Хејли ги почасти и своите обожаватели со провокативна фотографија во бикини кога позираше во песок и покажа колку е згодна.
Секси објавите не се непознати кога е во прашање таа, и иако во последните месеци имаше многу шпекулации за нејзината врска со Џастин, се чини дека сè е во ред меѓу нив.
Хејли Бибер изгледаше загрижено и осамено некое време, а Џастин имаше и неколку чудни објави со кои можеби се обидуваше да испрати порака, или можеби сè беше случајност. Сега дефинитивно го оставија тешкиот период зад себе и уживаат заедно во одгледувањето на нивниот син Џек.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Хејли Бибер го прослави својот 29-ти роденден и сподели снимки од раскошната забава е превземен од МАКФАКС.























