Американскиот музичар Машин Ган Кели повторно привлече внимание по изјавата дадена на Ф1 Гран При во Лас Вегас, каде што се спореди со Ф1-возачите, велејќи дека „е многу брз и дека долго му треба да стигне до целта“ во сексуален контекст.

Изјавата дојде во момент кога продолжуваат шпекулациите за неговиот однос со Меган Фокс. Двајцата беа верени од 2022 до 2024 година, а прекинот уследи по наводи за негово неверство.

Во март оваа година Меган го роди нивното заедничко дете, што, според извори, повторно ги зближило — иако формално не се во врска, поголемиот дел од времето го минуваат заедно и фокусот им е на бебето.

Текстот Поранешниот на Меган Фокс го спореди сексуалниот живот со Ф1-возачите: „Брз сум, но ми треба долго за да стигнам до целта“ е превземен од МАКФАКС.