Овен
Оптимисти сте, расположени и внесувате позитива во животот на сите околу вас. Наполнете ги батериите со прошетки во природа. Ќе воспоставите ред на професионално поле и ќе си ги завршите навреме задачите. На љубовно поле прифаќајте нови идеи, не се држете до рутините. Од некои разговори ќе извлечете поука.

Бик
Нечија приказна на вас остава негативен впечаток. Вие не верувате во големи зборови без покритие. На средба со соработниците, биде повнимателни и скромни од вообичаеното. На емотивно поле, партнерот искрено сака да ви угоди. Покажете дека имате доволно доверба во заедничкиот однос. Контролирајте ги своите импулси.

Близнаци
Ако не ви се допаѓа нечија улога или однесување, немојте да бидете премногу надмени пред вашите соработници. Чувајте ја смиреноста на духот и стрпливо чекајте да ги смирите негативните страсти кои постојат во вашата околина. Премногу сте негативни кон саканата личност, целата ваша нервоза се одразува на него.

Рак
Окупирани сте со одредени ситуации во личниот живот, така што воопшто не размислувате за обврските на работа. Денес е особено поволен ден за сите оние кои се занимаваат со приватен бизнис. Што се однесува до љубовта, тука секогаш сте два чекора назад. Никогаш не преземате иницијатива во љубовта и затоа немате успех.

Лав
Зафатените ќе бидат во квалитетна врска, кон што дополнително ќе придонесе сексуалниот апетит кој ќе биде зголемен, а поради тоа ќе се појават и многу нови емоции од саканата личност. Слободните ги очекуваат нови познанства, а можеби и авантура. Ако започнете нешто ново треба да знаете дека тоа нема да е долготрајно

Девица
Завршивте важна работа и имате големи очекувања. Внимателно проценете го редоследот на потези на средба со соработниците. Добриот глас се слуша далеку, така што ве очекува добра реклама и финансиски придобивки. Се чини дека некој одеднаш го разурнува вашиот љубовен план што го имате со некој што ви е многу значаен.

Вага
Денот носи многу топлина во љубовта. Слободните ги очекува позитивен развој на случувањата и конечна љубов со идеална личност. Што се однесува до работата, целиот ден, вашиот ум ќе биде вклучен во проблемите со работата. Нема да го почувствувате времето. Конечно треба да се растоварите од мислите за работата.

Скорпија
Денес сте малку изморени и без енергија. Згора на сето ова – претпоставениот токму денес се сети да ве натовари со обврска којашто воопшто не ви се допаѓа. Во емотивниот сегмент се чувствувате дистанцирани од саканата личност, иако нема вистинска причина за ваквите размислувања. Сами си правите инсинуации.

Стрелец
Иако на почетокот на работниот ден се чинеше дека сè ќе оди како што треба и дека со леснотија ќе ги завршите деловните обврски, на крајот ќе бидете толку изморени и исцрпени што одвај ќе чекате да одите дома. Можеби нема да успеете да го испочитувате договорот со вашиот емотивен партнер. Нека не ви се лути, ќе надоместите.

Јарец
Вашата самодоверба и арогантен став полека почнуваат да ја иритираат околината, која веќе извесно време има значителна трпеливост за сè што вам ќе ви дојде на памет. Ако не го поправите однесувањето, може да доживеете многу непријатна ситуација што ќе ве натера да се чувствувате засрамени. Симнете се на земја.

Водолија
Немојте да дозволите вашата загриженост за ситуацијата во професионалниот сегмент да ви го расипат денешниот ден. Опуштете се и фатете се за работа – ќе видите дека работите лесно ќе се расчистат. Ја чувствувате потребната стабилност и мислите дека е време за посериозни разговори со саканата личност.

Риби
На почетокот на работниот ден ќе почувствувате дека немате доволно време да ги завршите сите обврски. Сепак, и самите ќе забележите дека сè некако ќе се намести во ваша корист. Ќе имате доволно простор да направите сè што е потребно. Ве очекуваат убави моменти со партнерот. Ќе добиете неочекуван подарок.