ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата признала дека министерот за правда и министерот за внатрешни работи Бојан Маричиќ и Оливер Спасовски немаат безбедносен НАТО сертификат, бидејќи како што велат се корупмирани.

Владата призна, Маричиќ нема НАТО безбедносен сертификат. Бојан Маричиќ е вториот министер во владата на Заев, по Оливер Спасовски, кој нема НАТО безбедносен сертификат. Која е причината што Маричиќ и Спасовски немаат сертификати? Дали криминализираноста на системот и големиот број на корупциски афери се причината? Владата мора да признае пред граѓаните зошто двајца нејзини министри од областа на правдата и безбедноста немаат НАТО сертификат. Спасовски и Маричиќ наместо да молчат, треба да си дадат оставка, велат од опозициската партија.