Итно укинување на уредбата за организирање на прослави, и носење на протоколи за работа бараат сопствениците на ресторани за свадби. Доколку Владата нема слух за нивните барања следната недела ќе организираат масовен протест. Свадби, крштевки и родендени да се организираат без жива музика но со протоколи кој важат за угостителските објекти.
– Advertisement –
„Ние како ресторани сме категоризирани објекти за организирани настани, располагаме со големи капацитети, имаме соодветна квадратура и можност да спороведеме организиран настан на кој би се запазиле сите усвоени протоколи и според кои веќе функционираат останатите A la carte ресторани“, рече Перица Голомеиќ- Туристичко-угостителска комора.
Според нив финансиската помош од државата е премала за да може нивните бизниси да опстанат, а со нивно отварање ќе има надеж и за дејностите кои соработуваат со нив, фотографи, цвеќари, шминкери, слаткарници и сл.
„Состојбата станува се потешка и потешка, сите треба да разберат ние не функционираме, а даваме плати, плаќаме кирии, рати, струја сите обврски кои се тековни ги плаќаме немаме одложување на било какви режиски трошоци. Секој месец се подлабоко сме во криза доколку не се фати чекор излез немаме“, рече Мартин Ангеловски- Туристичко-угостителска комора.
Во моментов во земјава има 135 категоризирани ресторани за оранизирање на ваков вид на прослави. Голем број на младоженци претходната година ја откажаа свадбата за оваа година, но има и голем број заинтересирани граѓани кои прашуваат кога ќе се отворат рестораните велат од комората.
Андреа Чобанова