„Јас сум родител на трагично убиените деца изјави таткото на Андреј Стојанов, едно од загинатите момчиња во пожарот во дискотеката во Кочани на првиот ден на судското рочиште.
Момчето раскажува неговиот татко работело како програмер.
„Сега од Кочани доаѓаме како оштетени јас и сите родители на децата кои настрадаа во катастрофата во Кочани на судско рочиште кое започнува денеска. На самиот старт наидуваме на еден голем скептицизам и разработена игра, шема на претставници на авдокати и на обвинети кои манипулират на разни можни начини да ја продлабочат нашата болка. Ние сме направени како фигури. Нашите деца ги нема и нас да не однема на некој начин така кажано, за да нема ниту кој да оди на нивните гробови“.
Ме чуди, вели тој, со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите ќе се ситат и ќе земаат крвави пари и со која гордост ги даваат изјавите дека ова судско рочиште ќе трае 15-20 години.
„За нас 15 дена или 15 месеци се многу, веќе осум месеци поминаа. Ние родителите се чувствуваме изманипулирани и стравуваме дека нашата ситуација ќе излезе како „Ласкарци“, како автобусот во Бугарија, како „Модуларна болница“, а кога имавме средби со премиерот и со министерот за внатрешни работи ни беше кажано дека случајот во Кочани е врв на сите криминали и лоши настани што се случиле и дека мора да се направи рез и ако не се направи тој рез ние како државца не треба да постои“.
За нас родителите, додава таткото на Стојанов, ова е еден од најважните испити за државата.
„Но како минува времето нас не ставаат на страна заборавот (тие си имаат место кај да си плачат, нека си ги гледаат гробиштата, јавноста да не ја замараат). Се чувствуваме исцрпени и омаловажени а уште на самиот старт на судското рочиште гледаме како познати адвокати во македонската јавност сега бранители на обвинетите, со кои разработени шеми и математики дејствуваат и на кој начин сакаат нас оштетените начисто да не уништат. Нека им служи на чест“, истакна тој.























